„Домаќинство за почетници“ од денеска во киносалите

Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, нашиот кандидат за номинација за Оскар, од вечерва се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје. Филмот е дел од овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, доби номинација и за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во Европа.

Како што е познато, „Домаќинство за почетници“, кој е во продукција на „Лист продукција“ од Скопје, е избран и за годинашен македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Филмот ја имаше својата светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби Queer Lion наградата, а македонската премиера се одржа на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Домаќинство за почетници“ е финансиски поддржан од македонската Агенција за филм, а преку компанијата Focus Features ќе биде дистрибуриран на територијата на САД. Интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии е Universal Pictures, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

Најново

Последни колумни