Долната облека и карактерот на мажот

Од кога човекот почнал да ја користи облеката од тогаш почнал да размислува и за неговата т.н долна облека. Како што се менувале стиловите на живеење, неизоставни промени трпела и долната облека. И додека за женските градници и гаќи се напишани безброј книги, се чини дека машката долна облека никогаш во минатото не важела за интересна точка за анализа.

Од денешна перспектива, експерти од социологијата, психологијата и сексологијата укажуваат дека изборот на мажот за долна облека говори за неговиот карактер. Потенцираат дека тоа не е секогаш така, но според повеќе анализи се потврдило дека повеќето мажи кои имаат одреден стил на долна облека имаат исти или слични навики и однесувања.

Боксерки
Мажот кој најчесто носи боксерки не се плаши да ја дојаде кората од старата пица која два дена стоела на шанкот, никогаш нема тоалетна хартија во тоалетот, а дезодорансот го смета за чисто фрлање пари, бидејќи и онака веќе има колонска вода. Обожава да носи долна облека со финтаџиски натписи или ликови од цртаните филмови, што значи дека и понатаму е 11-годишник во душа, кој најверојатно никогаш нема ни да порасне.

Слип (тесни) боксерки
Овој дечко сè држи под контрола, тој знае кога треба да биде елегантен, а кога може да се опушти. Редовно вежба и нема да си дозволи да му се прелева салото преку работ на неговите внимателно избрани гаќички. Слип боксерките ги бираат дечките кои знаат што сакаат жените.

Обични гаќи
Дечкото со обични гаќи не може да го остави минатото зад себе и да се сконцентрира на иднината. Најверојатно ги носи уште од детството, што покажува дека не е склон на промени и сака да игра на сигурно. Овој тип машка долна облека најчесто е карактеристична за чичковци и дедовци и е доста ограничена во однос на изборот.

Не носење долна облека
Тоа што не носи долна облека, не е знак на неговиот сексапил, туку најверојатно е во прашање неговата мрза. Или едноставно не стигнал да си ги испере алиштата. Ако не стигнува да ги направи основните работи, сигурно нема време ни за многу други, на пример за туширање.

Извор: 24sata.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни