Дoлги редици се формираа пред аптеките и бензинските пумпи во главниот град Каракас во саботата (3 јануари), по американските воздушни напади врз повеќе покраини во Венецуела.
Порано во текот на саботата, владата на Венецуела ги обвини САД за напади врз цивилни и воени објекти во повеќе покраини и прогласи вонредна состојба на национално ниво.
Подоцна, американскиот претседател Доналд Трамп го потврди нападот „од големи размери“, додавајќи дека Мадуро и неговата сопруга биле „уапсени и со авион исфрлени од земјата“ и дека се на пат кон САД, каде што ќе се соочат со судење.
Нападите уследија по повеќемесечен растечки притисок од страна на САД врз Мадуро, кого Вашингтон го обвинува за вмешаност во трговија со дрога. Венецуелскиот лидер ги негираше тие тврдења и изрази подготвеност за разговори.
