Долче и Габана направија парфем за кучиња

Фото: DOLCE&GABBANA FEFÉ

Модната куќа Долџе и Габана лансираше нов парфем за кучиња, без алкохол, наречен „Фефе“ по пудлицата на едниот од сопствениците, Доменик Долче.

Новиот парфем чини 99 евра и е сертифициран за употреба на животни, согласно италијанските правила за безбедна козметика за домашни животни, пишува АП.

На веб страницата се наведува дека сите сопственици кои го пробале овој нов парфем биле согласни дека мирисот е нежен и дека кучињата добро го прифаќаат, како и дека ветерираните го одобруваат овој производ. Во составот на парфемот има иланг иланг, мошус и сандалово дрво.

Одредени ветерирани, сепак, не го поддржуваат користењето на парфеми за кучиња поради тоа што тие може да му пречат на чувството за мирис, како  и да прикријат непријатни мириси кои може да бидат симптоми на одредена болст.

Ветеринар од Рим и доктор на науки од Универзитетот Терамо, Федерико Коча вели дека не треба да се користат парфеми за кучиња, бидејќи тие меѓусебе се препознаваат по мирисот.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни