Доларот паѓа втора недела по ред: Инфлацијата и очекувањата за каматите го слабат

Доларот бележи втор неделен пад поради стабилна инфлација и очекувања за намалување на каматите од ФЕД. Еврото и јенот зајакнаа.

На светските девизни пазари, американскиот долар ослабна и втора недела по ред, откако најновите податоци за инфлацијата во САД ја зголемија веројатноста дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки уште во септември.

Според долар индексот, кој ја следи вредноста на доларот во однос на шест главни светски валути, валутата на САД падна за 0,44%, на 97,84 поени.

Еврото и јенот бележат раст

Во однос на еврото, доларот загуби 0,5%, при што курсот достигна 1,1697 долари за едно евро. Истовремено, во однос на јапонскиот јен, доларот ослабе за 0,37%, со што се тргуваше по 147,18 јени за долар.

Инфлација под очекувањата – сигнал за ФЕД

Клучниот податок што го поттикна овој тренд е извештајот за потрошувачката инфлација во САД, која во јули изнесувала 2,7% на годишно ниво, што е за 0,1 процентен поен помалку од прогнозите. Комбинацијата од стабилна инфлација и слабеење на пазарот на труд ја зголеми веројатноста за намалување на каматната стапка на состанокот во септември.

Според CME FedWatch Tool, пазарите проценуваат 93% веројатност дека ФЕД ќе намали каматите за четвртина процентен поен, со можност за уште два такви чекори до крајот на годината.

Пазарните ризици и геополитиката влијаат врз доларот

Некои аналитичари, како оние од Morgan Stanley, предупредуваат дека премијата на ризик кај доларот се движи околу 6% и дека инвеститорите сè повеќе се хеджираат од девизни загуби на американската актива.

Истовремено, постојат и политички фактори кои влијаат на односот евро-долар. Очекувањата за можна деескалација на конфликтот во Украина по средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин потенцијално го поддржуваат јакнењето на еврото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни