Документарниот игран филм „Градина“ на Бојан Тантуровски премиерно на „Македокс“

Документарниот игран филм „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски ќе биде премиерно прикажан на фестивалот за креативен документарен филм МакеДокс, во вторник на 20 август, во рамките на програмата „Нови автори“. Филмот кој е работен во изминатите 5 години, ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари на периферијата на Скопје, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служат како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла.

“Голема благодарност до Аранѓел, Стана, Нада, Ахмо и Шемсудин, што ни дозволија да станеме дел нивното секојдневие и што ја споделија со нас оваа приказна. Од оваа дистанца изглада навистина лесно да раскажеш ваква филмска приказна, кога покрај себе имаш неверојатно креативна и вредна екипа на документаристи како режисерот Бојан Тантуровски, кинематограферот Кирил Шентевски, монтажерот Горан Вуќиќ како и дизајнерот на звук Марко Наумовски. Голема благодарност до Пеце Талески и тимот на OXO Продукција за поддршката низ годиниве” велат продуцентите.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни