Докторите по пластична хирургија: Внимавајте со мелемите за изгореници што се продаваат на социјалните мрежи

Директорката на Клиниката за пластична хирургија Јасмина Ѓорѓиевска Павловска ги предупреди граѓаните, дека мелемите за изгореници што се продаваат на социјалните мрежи може да бидат и опасни.

„Вчера некој ми рече дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Ние не знаеме од какво потекло се и дали тие се стерилни или, пак, не. Да апелирам, затоа и со Министерството за здравство, се овие доктори кои ќе одат во Кочани за да бидат правени преврски во стерилни услови и со стерилни инструменти“, изјави денеска Ѓоргиевска Павловска.


Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 пациенти од кои дел се лекуваат во земјава, а дел во странство. Има и пациенти со изгореници од прв степен за кои тимови по пластична хирургија ќе бидат испратени во Кочани. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни