Користењето платежни картички во странство во повеќето случаи е побезбедно и поудобно од плаќањето во готово, велат банкарските службеници.
Сепак, постои одреден трошок за подигање готовина во странство, за кој граѓаните можат да се распрашаат во нивната банка во Македонија.
Плаќањето со платежни картички во странство го олеснува купувањето и овозможува следење на потрошувачката.
Затоа пред да патуваат, граѓаните треба да проверат кај банката во Македонија, каде што им е издадена тековна или девизна сметка, дали има некаков трошок за ПОС терминалот кога платежната картичка се користи во други земји. Советите од Народните банки речиси во секоја држава советуваат да се прифаќа трошење во евра доколку банкоматите во странство нудат повеќе опции.
Подобро да се држите подалеку од банкомати во странство
На пример Народната банка на Србија советува дека во странство е попогодно да се плати со картичка директно кај трговец отколку да се подигнуваат пари од банкомат.
За подигнување готовина од банкомат, тие препорачуваат користење дебитна картичка, бидејќи провизиите таму обично се пониски од провизиите за користење кредитна картичка.