Search
Министерката за труд, Јованка Тренчевска, ја раскажува својата приказна

„Дојди  раскажи ја својата приказна – Остави трага“ обид за вклучување на младите во општеството

„Дојди  раскажи ја својата приказна – Остави трага“ е мултимедијален настан што вчеравечер се одржа во паркот на Франкофонијата во Скопје. Целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, нивна активација и подигање на свеста за еднаквоста во општеството.

Настанот е во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“ која се однесува на млади лица, а ќе ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Во рамките на настанот  се реализираше  панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество зедоа  министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, проектната раководителка од Програмската канцеларија на Совет на Европа, Марија Андреева, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, активисткатa, авторката и новинарката Ана Јовковска, студентската правобранителка, Викторија Постоловска и претставничката на Пивара Скопје,Александра Бабамова.

Настанот го модерирааше  Огнен Јанески и Зорана Антовска, а официјално  го отвори групата „Шербет“. За време на настанот беше изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, додека дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн, цртаа уметнички дела на платно.

„Програмата Остави трага наменета е за млади, да зборуваме и против говор на омраза, да зборувме за успешни приказни, да зборуваме за можностите на младите во државата и да ни останат овде, за менталното здравје и да зборуваме за се она за кое што младите сакаат да биде предмет на дискусија. Ќе имаме неколку мултимедијални настани низ државата. Не одиме само со класични дебати, одиме и со театарска претстава и со разговори, така што сметам дека ќе биде доста интересно за младите, ќе го предизивика нивниот интерес да бидат дел од ова и да можеме заедно да ги креираме идните политики се со цел да превенираме негативни појави во општеството а да покажеме дека имаме и многу успешни приказни. Секој преку својата лична приказна на учесниците, ќе кажат низ кој животен пат поминале за да дојдат до остварување на нивната цел“, изјави за Трн, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Понатаму, таа како прв говорник и панелист, на присутните им се обрати со својата приказна:

„Мојата лична приказна започнува во Струмица, во едно многудетно семејство кое ми ја всади праведноста и сите вредности кои денес ги имам.  Сето тоа е благодрение на моите родители, праведноста, хуманоста, еднакво да се третираат сите луѓе. Секој ден прави по едно добро дело тоа се 365 добри дела годишно, секој ден помагај на еден човек, годишно на 365 луѓе ќе помогнеш. Во Струмица релативно млада влегов на работа во приватен сектор, моето работно искуство го започнав во приватен сектор, за да после осум години во приватен сектор се префрлам во граѓнски сектор и бевме една од првите организации кои работеше на родовата еднаквост во државата. Тоа ми ги отвори вратите да дојдам до МТСП, во одделението за родова еднаквост. Благодарение на работата во МТСП усоеав да направам комуникација со земјите во регионот, со механизмите на земјите во регионот, успеав да одам на голем број обуки, сакав да ги градам моите капацитети и вештини. Мојата цел ми беше да работам на заштитата на човековите права, работничките права, еднаквоста, недискриминацијата, детската заштита и со ранливата категорија на граѓаните во општеството преку социјалната заштита. Работам 21 година во МТСП и буквално скала по скала низ годините доаѓам на позиција погоре. Започнав како советник, отидов раководител на одделение, па државен секретар, директорка на државниот инспекторат на труд и сега министерка што ми дава можност да ги реализирам тие вредности преку политики и мерки.

Укажување на можностите што државата ги нуди е токму целта на оваа кампања  и верувам дека со позитивните примери може да успееме младите да сфатат дека секогаш вештините, капацитетот, знаењето е тоа што може да не носи напред ако сакаме да бидеме луѓе чии што дела оставаат трага и луѓе кои што и кога нема да се на функции ќе ги споделуваат истите вредности!

Ана Јовковска, панелистка во дискусијата, истакна: „Никогаш не сум имала дилема дали треба да прифатам да бидам дел од панел дискусија која се обидува да направи некакво зајакнување на девојчињата и жените. Родовата еднаквост е една од клучните работи во ова општетство на кое што треба уште многу многу да работиме, се чини дека е доста формално, но имаме многу сопки на патот и денешниот настан се обидува да пренесе некакви инспиративни мотивирачки женски приказни кои што прават некакво зајакнување на животот и жените. Само ќе потсетам дека во 2023 имаме уште многу брорби пред нас. Не можам и не сакам да се помирам со неправда и сметам дека имаме должност и одговорност да бидеме гласот на маргинализираните. Тоа значи дека треба да бидеме гласни за оние кои се немоќни и стишени и се на маргините во едно општество.

Силата ми доаѓа најмногу од пишувањето и мислам дека пишувањето е мојата најдобра терапија, мојата најголема ослободувачка моќ, пишување без разлика на која форма“.

„Идејата е преку сведоштва и лични приказни говорниците и говорничките да ги инспирираат младите за важноста од рамноправноста и еднаквоста во општетството и во принцип колку е важна општесвената вклученост од страна на младите. По овој настан следуваат серија на настани во Битола, Охрид, Дојран, Валандово и теарце. Сите овие настани ќе бидат со сличен концепт како караван на настани, каде што ќе има различни говорници кои ќе пробаат да ги анимираат и мотивираат младите. Мојата лична приказна е дека мене како млада жена секогаш ме мотивирал моментот дека сите мораме да бидеме рамноправни и еднакви во општеството и тоа е мојата лична амбиција. Тоа пак ми помага подобро да функционирам во општеството и на тој начин јас да придонесам кон креирање на поубаво општество.

Ме ослободуваат книгите и литературата, со книгите се ослободува умот и ни помага да бидеме поотворени за другите видувања, мислења, различни карактери, култури и книгите тука се клучот“, посочи Марија Анреева,проектна раководителка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката прохрама на ЕУ и Советот на Европа, Хоризонтален инструмент за западен Балкан и Турција.

Најново

Последни колумни