Средното техничко училиште во Нов Белград денеска било евакуирано поради дојава за поставена бомба, јавуваат белградските медиуми.
Дојавата за поставена експлозивна направа била околу 12 часот, по што била повикана полиција и училиштето било евакуирано.
Припадници на МВР на Србија се на терен и вршат увид во зградата на училиштето.
Пред речиси скоро две години, дојавите за наводно поставени бомби во српските основни и средни училишта добија речиси епидемиолошки размер, каде дневно во Белград и низ државата се евакуираа и над 50 училишта.
Тогаш, режимот на претседателот Вучиќ обвинуваше дека станува збор за хибриден напад од центри кои не ѝ мислеле добро на неговата земја.
