Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека Вашингтон и Киев можат да потпишат договор за ретки земјени метали веќе оваа недела.
„Многу сме блиску до потпишување. Можеби веќе оваа недела“, изјави Бесент во интервју за Блумберг.
Бесент додаде дека Украина предложила контрапредлог за договорот и дека преговорите се уште траат.