Dogen City – концепт на живеење во град на вода

Постојаното покачување на нивото на морињата и океаните, се чини дека ја диктира иднината на урбаниот живот. Некои експерти веруваат дека во период од три децении од сега во голем дел од светот каде што тоа го дозволува теренот ќе се градат т.н градови на вода. Јапонскиот стартап N-ARK можеби го има концептот кој ќе го претвори тоа во реалност.

Станува збор за концептот Dogen City, кој претставува град кој плови среде океан, а нуди уникатно решение за предизвиците со кои се соочуваат пренаселените градови и климатските промени. Градот е дизајниран да фунцкионира како паметен здраствен пловечки град во мирновремени услови, како и самостоен град во услови на природна катастрофа.

Има пречник од 1,58 километри и должина од четири километри. Значи станува збор за мал град, но неговата модуларна природа значи дека може прилично брзо да се прошири. Од N-ARK тврдат дека во мирновремени услови ќе се фоксуираат на здравството, затоа што градот е дизајниран да прими околу 10.000 жители, но неговата дневна популација би можела да се зголеми на 30.000. Жителите секојдневно би можеле да користат телемедицина за управување и анализа на податоци. Со помош на комбинација од медицински и геномски податоци може попрецизно да се процени здравствениот статус и да се прими врвна медицинска нега како откривање лекови и операции со роботи на далечина.

Dogen City вклучува објекти за урбано земјоделство и одгледување на сопствена храна/ Дизајнот има и погни за училишта, за болници, за лаборатории за истражување, за стадиони, за вертикални градини и за паркови. Пловечкиот град е дизајниран да создава сопствена енергија преку комбинација на обновливи извори, вклучувајќи и соларна енергија и турбини на ветар. Има и напредни системи за прочистување и рециклирање на отпадната вода.

Што се однесува на транспортот, Dogen City има мрежа од електрични возила и автономни дронови, со што се минимира гужвата и емисијата на јаглерод диоксид. Градот има енергетски ефикасна структура, вклучувајќи и паметни системи за транспорт, паметни мрежи за оптимизација на користењето на ресурсите и поголема конективност.

Целта на концептот е создавање на отпорна и прилагодлива урбана средина, а модуларниот дизајн овозможува проширување и прилагодување на основа на еволуциските потреби и растот на популацијата. Градот е опремен со напредна технологија за превенција и ублажување на катастрофите, со акцент на безбедноста на населението. Станбените објекти се сместени подалеку од надворешните прстени во внатрешниот залив кој е наменет за заштита на населението од цунами.

Извор: klix.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни