Во 48 часовниот филмски предизвик во рамките на седмото издание на фестивалот на филм и музика ЅИРНИ. Жирито во состав Слаѓана Вујосевиќ, актерка; Игор Христов, режисер; и Горјан Атанасов, монтажер,одлучуваше за трите најдобри филмови направени за еден викенд.
„1 место / НЕСОНИЦА
Тим: Мартина Гогова, Стефани Миленковска, Никола Станишлевиќ, Антингона Џорлева. „Несоница“ е вознемирувачки портрет на младите во Скопје. Преку едноставни, но добро осмислени кадри, преку моќната тишина која буди внатрешен крик и силната симболика на губењето на еден едноставен предмет се раѓа метафората за колективното чувство на летаргија на една цела генерација. Ова е филм за тивката безнадежност на растењето во
еден комплетно занемарен град… Пораката е јасна, нема сон во Скопје, само молк кај тие кои треба да се најгласни!
2 место / КЛОШАРИ
Тим: Едис Усеин, Борјан Поповски, Дамјан Шоќев, Андреј Самарџиев, Веран Павлов, Ана Ангелич, Надја Лукановска, Огнен Ромевски, Антонио Једиковски. Поради одличната режија и храбрата употреба на широкоаголни објективи и долги кадри со богат мизансцен, како и вешта употреба на визуелни ефекти и графички решенија низ
целиот филм, втората награда ја доделуваме на краткиот игран филм „Клошари“.
3 место / FEVER DREAM
Тим: Ева Божиновска, Ведра Симонова, Теодор Дамјаноски Трето место се доделува на филмот – Fever Dream заради успешната визуелна парарела помеѓу реалноста и сонот. Паралела која ве држи во една емоција на бладање до самиот крај.
Специјално признание беше доделено на „Остатоци“
Тим: Леона Јариќ, Ѓорѓе Нешковиќ, Михаела Димитровска, Ева Тодоровска, Андреј Димески, Ксенија Манулеска, Теона Христовска. Остатоци е филм кој само од две локаци и двајца ликови успева да ве остави со многу
емоционални остатоци. Со одличната актерска игра на Ѓорѓе Нешкович и Михаела
Димитровска и визуелна прецизност на Андреј Димески филмот успева да ве ниша помеѓу
минатото и сегашноста.
Специјално признание го доби филмот „Во чие име“
Тим: Наке Батев, Ивана Батев. Во чие име е филм кој се издвојува со својот документарно игран пристап ,вкључувајки ги итро зададените насоки (зборчиња) како прашања кој дават реална критика кон глобалните
проблеми“. Првонаградениот филм доби и монетарната награда, овозможена од Халк Банка. Со доделувањето на наградите се заокружи уште едно издание на фестивалот на филм и музика ЅИРНИ.