Додека TikTok паѓа, акциите на една апликација вртоглаво растат

Акциите на компанијата Duolingo скокнаа за 21,82 долари или 6,82% во однос на претходното затворање

Цената на акциите на апликацијата Duolingo скокна скоро за 7% откако бројот на корисници кои сакаат да научат мандарински јазик значително порасна.

Минатата недела, Врховниот суд на САД го сослуша TikTok кој се обидува да остане на американскиот пазар. И додека се чека исходот по ова прашање, акциите на апликацијата Duolingo растат.

Цената на акциите на Duolingo порасна за 21,82 долари (21,20 евра), односно за 6,82% во однос на претходното затворање, достигнувајќи 341,80 долари (332 евра), по наглиот пораст на бројот на корисници кои се пријавуваат за учење на мандарински јазик, што е во согласност со растечката популарност на кинеската социјална мрежа RedNote, конкурент на TikTok кој се соочува со можност за забрана на американскиот пазар.

Компанијата потврди за CNBC дека бројот на корисници кои учат мандарински преку апликацијата пораснал за 216% во однос на претходната година. За споредба, шпанскиот, еден од најпопуларните јазици на апликацијата, забележал пораст од 40% во истиот период, изјавија од Duolingo.

RedNote, или Xiaohongshu, како што е познат во Кина, брзо стана најпреземааната бесплатна апликација во Апл продавницата и повеќето од оваа недела ја задржа таа позиција. Меѓу првите пет се наоѓаат и TikTok апликацијата Lemon8, американската социјална мрежа Clapper, ChatGPT и Threads.

RedNote беше најголемиот добитник од егзодусот на американските корисници од TikTok, забележувајќи дури 20 пати повеќе преземања во САД во последната недела, покажуваат податоците од аналитичката компанија Sensor Tower.

Duolingo нуди онлајн и мобилни курсеви за 42 јазици. Според податоците од нивната веб-страница, платформата брои 48,8 милиони корисници кои учат шпански. Францускиот е втор најпопуларен јазик со 27,3 милиони корисници, додека кинескиот е на осмото место со 10,7 милиони корисници.

Минатата година, акциите на Duolingo пораснаа за 43%, што го надмина растот на Насдак, кој изнесуваше 29%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни