Додека се тушираме размислуваме најпродуктивно

Понекогаш кога имате некаков проблем и се трудите максимално да најдете решение, едноставно никако не можете да го постигнете тоа. Потоа излегувате на прошетка, одлучувате да зготвите нешто или да се истуширате и за миг ви текнува генијална идеја. Зошто е тоа така?

Според научникот, кој го истражува мозокот, опишаниот феномен вклучува две различни мрежи во кои нашиот мозок може да работи: мрежата на внимание или концентрација од една страна и мрежата на мечтаење од друга страна.

„Кога вниманието ни е активно, фронталниот лобус е исклучително активен“, вели Мартин Корте.

Светнува како батериска ламба во мозокот и бара релевантни информации што можеме да ги користиме за да ги решиме проблемите.

Предниот лобус се фокусира на големите, добро развиени и често користени патеки за податоци во нашиот мозок, бидејќи таму е најголемата веројатност да се најде одговорот – на крајот на краиштата, затоа тие се толку добро изградени. Но, токму тоа е финтата: најперспективните решенија не се секогаш најгенијалните или најкреативните.

„Во принцип, најкреативните решенија се најневеројатните кои функционираат и покрај сè“, вели научникот.

„Кога зборуваме за креативност и креативни идеи, обично помислуваме на изнаоѓање оригинални пристапи и решенија за проблемите. Овде не се работи за правилно или погрешно, туку за имагинација. Станува збор за поврзување на елементите на некои нови, можеби изненадувачки начини и изнаоѓање решенија за кои досега не сме размислувале“.

За возврат, шансите за успех ни се поголеми ако мозокот ја стартува мрежата на мечтаење – што тој сака да го прави додека, на пример, се туширате.

Во оваа состојба, која исто така се нарекува основна состојба или позадинска активност на мозокот, фронталениот лобус е многу помалку активен отколку кога е во режим на внимание.

Од друга страна, умерена активност може да се забележи во сите области на мозокот, особено во оние области кои не се одговорни за интеракција со надворешниот свет, но ги регулираат внатрешните работи, на пример, да можеме да чувствуваме и да одговориме на нашата состојба. .

Додека се концентрираме, таканаречените гама бранови се движат низ мозокот со брзина до 40 херци, а за време на мечтаењето многу побавни алфа бранови патуваат со само осум до дванаесет херци.

И која е можеби најважната разлика во овој контекст: „Во оваа основна состојба, активноста во мозокот не е фокусирана, туку дифузна“, вели Мартин Корте.

Како резултат на тоа, информациите може да се вмрежат едни со други во нашата база на податоци речиси случајно, односно може да се формираат асоцијации кои никогаш не би се споиле во концентрирана состојба. И одеднаш – доаѓаме до најсветлата идеја или најдоброто решение за проблемот.

„Но, за да дојдеме до добри идеи, прво мора точно да го идентификуваме проблемот, да конкретизираме кои прашања се релевантни за решавање и, на пример, да истражиме како други луѓе веќе го решиле овој проблем“, вели д-р Мартин Корте.

Извор: klix.ba

Најново

Последни колумни