Додека НИС чека одлука од Вашингтон, економистите предупредуваат: Колку долго Србија може да балансира меѓу Русија и Западот?

Американската лиценца за НИС, можниот влез на MOL, санкциите кон Русија и геополитичкиот притисок ја туркаат Србија кон клучна одлука. Економисти оценуваат дека балансирањето станува неодржливо.

Педесет и први ден од санкциите кон НИС, а Србија сè уште го очекува одговорот од Вашингтон за издавање лиценца со која би се овозможило продолжување на работата на компанијата. Претседателот Србије повторно ги повика американските власти да донесат позитивна одлука.

Во меѓувреме, Унгарија најави дека од декември ќе го зголеми извозот на деривати кон Србија, а компанијата MOL планира два и пол пати да ја зголеми испораката на нафта.

MOL би можел да влезе во сопственичката структура на НИС

Според објавата на Ројтерс, шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан – Гергељ Гуљаш – изјавил дека постои можност MOL да купи удел во НИС, кој моментално е под руска контрола. Разговорите се во тек, а целта, како што рече Гуљаш, е компанијата да излезе од сопственичкиот домен на Русија.

Орбан порача дека Унгарија ќе направи „сè што може“ за да помогне во снабдувањето на Србија со гориво.

Вашингтон: Енергетската стабилност зависи од односот со Русија

Американските претставници неодамна испратија јасна порака: нивото на идни инвестиции и безбедноста на енергетскиот систем на Србија зависат од тоа колку Белград е подготвен да се дистанцира од Москва.

Затоа, санкциите кон Русија повторно стануваат клучно политичко прашање.

Може ли Србија да продолжи да балансира?

Теоретски, велат експертите, балансирањето помеѓу Русија и Западот изгледа привлечно. Но во пракса е речиси невозможно, пред сè поради географијата:
Србија е целосно опкружена со држави членки на ЕУ и НАТО, додека Русија е физички оддалечена и без директен енергетски или транспортен коридор.

ЕУ и САД очекуваат јасен политички сигнал од Србија. Аналитичарите потсетуваат дека и политички партии кои првично се спротивставувале на одредени решенија, подоцна можат да ги поддржат ако тоа го бара интересот на државата.

Според соговорниците, реалноста е јасна: економската иднина, стабилноста и безбедноста на граѓаните се најтесно врзани со Европската унија и европските институции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни