Додека индустријата за гејминг e во криза, PC платформата бележи значаен раст

Спротивно на конзолите, PC гејмингот покажува импресивен раст од 20% од 2021. година. Зад овој успех стојат неколку клучни фактори. PC платформата нуди поширока библиотека на игри кои се компатибилни со постари наслови, моментален пристап до веб пребарувачи, социјални мрежи и софтвер за стримување, како и супериорни перформанси за барањата на игри

Индустријата за видео игри доживува сериозни промени на глобално ниво, каде што PC платформата презема доминација над конзолите, покажуваат најновите податоци од извештајот подготвен од Метју Бол, извршен директор на компанијата Epyllion.

По деценија на постојан раст од 2011 до 2021година, индустријата за видео игри се соочува со стагнација, што довело до поопрезен пристап и намалени инвестиции. Сепак, во оваа ситуација, PC гејмингот се издвои како светла точка, продолжувајќи ја својата растечка патека. Потрошувачката на PC и конзолните платформи пораснала е за речиси 50 милијарди долари во 2024. година во споредба со 2011 година.

Посебно интересен е податокот дека актуелните генерации на конзоли Xbox Series и PlayStation 5 продале скоро 7 милиони единици помалку од нивните претходници во истиот период од 49 месеци на пазарот. Ова јасно покажува дека пазарот на конзоли доживува значајно забавување.

Спротивно на конзолите, PC гејмингот покажува импресивен раст од 20% од 2021. година. Зад овој успех стојат неколку клучни фактори. PC платформата нуди поширока библиотека на игри кои се компатибилни со постари наслови, моментален пристап до веб пребарувачи, социјални мрежи и софтвер за стримување, како и супериорни перформанси за барањата на игри.

Посебно значајно е влијанието на преносливите PC гејминг уреди, како оние што користат SteamOS оперативен систем. Тие ја претставуваат иднината на гејмингот, бидејќи ги комбинираат мобилноста на конзолите со сите предности на PC платформата. Дополнителен фактор кој оди во прилог на PC платформата е фактот дека денешната помлада генерација, која расте со платформи како Roblox, веројатно нема да биде заинтересирана за купување скапи конзоли од 500 долари.

Иако постојат различни истражувања на пазарот кои покажуваат различни податоци за уделот на PC и конзолниот гејминг, Бол истакнува дека се потпирал на податоци од IDG, кои се сметаат за индустриски стандард. Посебно интересно е што некои извори, како што е Pelham Smithers, проценуваат дека PC гејмингот е дури 50% поголем од пазарот на конзоли.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни