Додека Ербас слави рекорди, Боинг се повлекува во сенка: Истрагата за несреќата во Индија го гаси настапот на американскиот гигант

Саудиските компании Riyadh Air и AviLease нарачале вкупно 65 авиони Ербас, објави европскиот производител.

Тоа е првиот голем договор потпишан на овогодинешниот саем за воздухопловство во Париз, пренесува Мина повикувајќи се на SEEbiz.

Во меѓувреме, учеството на Боинг се одвива во сенка на неодамнешната авионска несреќа во Индија.

Riyadh Air нарача 25 авиони A350-1000 од Airbus.

Договорот би бил вреден повеќе од 9 милијарди долари според цените на списокот во 2018 година, што Ербас постепено го укинува, бидејќи конечните продажни цени варираат во зависност од условите на договорот и верзијата на авионот.

Ербас најави и дека нарачката може да се прошири на 50 авиони.

Саудиската компанија AviLease одделно нарача 30 авиони А320нео и десет товарни авиони А350Ф во вредност од неколку милијарди долари.

Додека Ербас најави нови нарачки на отворањето на аеромитингот, неговиот американски ривал Боинг се фокусира на истрагата за несреќата на Ер Индија.

„Нашиот фокус е на поддршка на нашите клиенти, а не на објавување нарачки на саемот“, изјави портпаролката на Боинг.

Извршниот директор на Боинг Кели Ортберг го откажа своето учество на саемот за да се фокусира на истрагата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни