Овие моќни состојки ги ублажуваат симптомите на ПМС, го поттикнуваат либидото и имаат позитивно влијание врз сексуалниот живот. Додајте во исхраната малку љубовна магија…
Магнезиум
Овој минерал ги релаксира мускулите и спречува грчеви. Го урамнотежува нивото на инсулинот во крвта, што има позитивно дејство и против синдромот на полицистични јајници. Консумирајте околу 320 мг магнезиум дневно, најдобро во вид на бадеми, ленено семе и мешунки.
Витамин Д
Ниското ниво на овој елемент се поврзува со појава на габични инфекции, воспаление на уринарниот тракт и бактериски вагинози. Витаминот Д го поттикнува создавањето антимикробни протеини кателицидини. Лекарите по интегративна медицина препорачуваат и до 2.000 IU од овој витамин на ден, во форма на суплементи или исхрана богата со лосос и со млечни производи збогатени со овој витамин. Посоветувајте се со лекарот за количеството на витамин Д што треба да го внесувате во согласност со вашата здравствена состојба.
Златна мака
Достапна во вид на прав, оваа адаптогена билка содржи комбинација од калциум, магнезиум и витамин Ц, ефикасни во урамнотежувањето на хормоните на стресот (кои го уништуваат либидото кога се во нерамнотежа). Како се консумира овој природен суплемент? Додајте лажиче златна мака во своето утринско смуди или во омилените мусли.
Влакна
Кога ќе се споменат, прва асоцијација е здравјето на дигестивниот тракт. Меѓутоа, овој макронутритиент помага во отстранувањето на вишокот естроген од организмот, а тоа ги намалува симптомите на ПМС, а превенира и појава на миоми на матката. Ако ви недостигаат влакна во исхраната, почнете со ½ шолја сечкан листен зеленчук, па постепено зголемувајте го количеството до две шолји на ден. На тој начин ќе спречите појава на подуеност, која може да настане доколку вашиот организам не е навикнат на големи количества свеж зеленчук.
Извор: telegraf.rs