„Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“, настан за зајакнување на гласот на Ромите

Настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ ќе се одржи на 03.02.2024 во Филхармонија со почеток во 19:00 часот. Фондација Ромите за Демократија го организира овој настан како почеток на иницијатива за справување со политичките предизвици на Ромите. Настанот има за цел да ги претстави клучните приоритети на политиката корисни и за Ромите и за Северна Македонија како целина. Еден главен фокус на што ќе се насочат е иницијативата за водење кампања за изборен интегритет, што ќе се однесува непосредно пред изборите, за да се зајакне гласот на Ромите во делот на политичкото учество.

Станува збор за настан поделен во два дела.

„Првиот е со говори на претставници од Фондацијата „Роми за Европа“, Ромскиот едукативен фонд, РЕДИ и од политичката партија Унија за Роми. Тие ќе дадат свое видување за тоа како треба да се пристапи кон политичките приоритети во делот на културата, едукација, политика, економија. Вториот дел е еден волшебен концерт, што ќе биде претставен од концептот „Ромите – сила на природата“, каде ќе имаме музичари од Србија, Турција и од Бугарија. Нивниот концепт е да се претстави таа трансформативна моќ на ромската култура, на ромската дипломатија со елементи на модернизмот на народите, соопшти директорката на Фондацијата „Роми за демократија“, Селвије Мустафи Алкан.

Настанот ќе имате можност да го проследите во живо на нивната фејсбук страница Ромите за Демократија

Извор: novatv.mk / Марија Тодоровска

Најново

Последни колумни