“Добро за Ромите, добро за Северна Македонија”

Ромите имаат клучна и интегрална улога во обликување на европскиот наратив и во поттикнување на различноста и единството во земјава

Да се зајакне гласот на Ромите во делот на политичкото учество и политичка едукација и да се работи на јакнењето на граѓанските и на политичките права на заедницата, е пораката на настанот  “Добро за Ромите, добро за Северна Македонија” што вчера вечер го организираше “Фондацијата Ромите за демократија” – членка на пат кон Европската мрежа “Фондација Ромите за Европа”. Овој настан е почеток на иницијативата за справување со предизвиците како да се унапреди политичкото учество на Ромите во земјава.

Менсур Халити -Ромите за демократија

– Проблемите на Ромите ги знаат сите и тие со години само се таложат. Она што е ново е само нивото на интензитет на тие проблеми кога ќе дојдат во допир со сите останати проблеми со кои се соочуваат државите. Сето тоа го става прашањето за системско решавање на проблемите на Ромите во трет колосек. Но ние својот избор го направивме и мора да одиме напред без оглед  на тоа дали имаме пријатели по пат или не. Ние го направивме својот избор и останува на националните влади дали сакаат да работат заедно со нас и во оваа борба да покажеме прогрес кој ќе доведе до тоа да биде добро и за Ромите и за Македонија.Jас сум оптимист затоа што немаме опција да се предадеме. Мора да се бориме –вели Менсур Халити, основач на “Ромите за демократија”.

Реџеп Али Чупи – Ромски образовен форум

На престојните избори, Фондацијата ќе ги насочи сите напори кон решавање на итните прашања поврзани со ромската заедница. Стратешкиот пат кон исполнување на овие цели, велат е во препознавањето на внатрешната врска помеѓу просперитетот на Ромите и благосостојбата на нацијата. Стремеж на Фондацијата е да се поддржат најкредибилните и најкомпетентните лица од ромската заедница, не само во Северна Македонија туку и низ Европа.

– Она што ние можеме е да им дадеме модели на владите за зајакнување на претприемништвото и економијата кај Ромите. Имаме за тоа успешни модели. Инијативата за ромски развој и претприемништво може и да даде експертиза на државата како ги укрупнува бизнисите и како да вработува Роми. Исто така имаме европска институција која се занимава со образование и вработување и која инвестираше во тоа денес во Македонија да има повеќе од 2000 високо стручно образувани Роми кои се работен потенцијал за оваа држава генерално.  Институт за Европска Ромска Култура  може да помогне во значајна мера посебно на Балканот каде државите и понатаму користат политка на омраза, насилство и етнички национализам за да прават раздор меѓу нас- вели Халити.

На вчерашниот настан во салата на Македонската Филхармонија покрај презентирањето на новите стратешки приоритети на Ромите, се одржа и концертот „Хармонизирање на нациите: Ромите – пулсот на единството на Западен Балкан”  кој ја слави отпорноста на Ромите и нивната интегрална улога во обликување на европскиот наратив. Настанот уште еднаш послужи како доказ за клучниот придонес на Ромите во европската интеграција, нагласувајќи ја нивната улога во поттикнување на различноста и единството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни