Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

ProYOUng картичката е бесплатна, а со неа младите добиваат бесплатен пристап до модерна мобилна апликација за брзо управување со средствата

ПроКредит Банка започна нова промотивна кампања за млади, 10% поврат на средства (cashback) за секоја трансакција направена со ProYoung картичката во земјата или во странство, на ПОС терминал или онлајн.

Кампaњата ќе им овозможи на младите уште побезгрижно лето, со поврат на средства без ограничувања на кои продажни места ќе ги вршат трансакциите. 

Право на учество имаат лица на возраст од 15 до 25 години кои се:

  • Нови клиенти на банката кои за првпат ќе отворат платежна сметка и ќе добијат ProYOUng дебитна картичка;
  • Постоечки клиенти кои веќе користат ProYOUng картичка;

Постоечки клиенти на банката кои досега не користеле дебитна картичка или имаат стара дебитна картичка можат да аплицираат за издавање на ProYOUng.

ProYOUng картичката е бесплатна, а со неа младите добиваат бесплатен пристап до модерна мобилна апликација за брзо управување со средствата, Google pay – плаќање со андроид телефон, бесплатни уплати и исплати во денари и евра на банкоматите на ПроКредит Банка и 3 бесплатни повлекувања месечно на други банкомати во земјата.  

Максималниот износ за поврат изнесува 800 денари месечно по корисник, а средствата ќе се исплаќаат во денари на крајот на секој месец, на денарска сметка.

Сите заинтересирани млади лица може да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката или во најблиската услужна единица. Повеќе информации за понудата се достапни на: www.pcb.mk/proyoung-paket-za-mladi.nspx

ПР објава

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни