Доаѓа ремикс на култниот хит на Дино Дворник

Цуцулиќ истакна дека верува дека и самиот Дино би бил воодушевен од модерната реинтерпретација на еден од неговите најголеми хитови

Словенечкиот техно великан Умек подготвува ремикс на култната песна „Јаче, манијаче!“ од Дино Дворник, а првите детали за проектот ги откри познатиот хрватски музички работник, Дамир Цуцулиќ, кој на социјалните мрежи сподели краток тизер и најавата за објавување.

Според неговите зборови, ремиксот настанувал во строга тајност последниве неколку месеци. Цуцулиќ истакна дека имал можност да ја слушне финалната верзија и дека буквално „го соборила од нозете“, додавајќи дека верува оти и самиот Дино би бил воодушевен од модерната реинтерпретација на еден од неговите најголеми хитови.

Тој исто така предвидува дека ремиксот, штом биде официјално објавен, ќе има силен одек на подиумите и радио-станиците како во регионот така и пошироко.

Ремиксот ќе ја доживее својата хрватска лајв-премиера на 13 декември во загрепскиот Boogaloo, каде Умек првпат ќе го претстави пред публиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни