Доаѓа нов предизвикувач на Гугл – SearchGPT

Фото: OpenAI

OpenAI планира да влезе во светот на интернет пребарувачите, со што ќе ги предизвика Гугл и Бинг. Изминатава недела тие го претставија SearchGPT, алатка за пребарување што ќе дава одговори на прашањата, користејќи податоци од веб извори.

SearchGPT ќе изгледа лично на ChatGPT, каде што вие ќе треба да напишете барање, а платофмата ќе ви пронајде информации и слики од интернет, заедно со релевантни линкови, на што вие ќе може да поставите дополнителни прашања за да влезете подлабоко во пребарување.

Слично како и Гугл и овој пребарувач во резултатите ќе ја зема предвид и вашата локација. Како што известија од OpenAI, пребарувачот ќе собира и споделува генерални информации за вашата локација за да ги подобри резултатите, а во опциите корисниците ќе имаат можност за контрола на тоа што и со кого споделуваат.

Прототип од интернет пребарувачот веќе е отворен за дел од корисниците, а планот на OpenAI е да го вклучат SearchGPT во ChatGPT во иднина.

„Добивањето резултати од интернет може да ви одземе многу време и енергија, често барајќи неколку пати да се навраќањте. Веруваме дека со подобрување на разговорните можности на нашиот модел, во реално време ќе може да најдете тоа што го барате“ велат од OpenAI.

Извор: Tech Crunch

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни