Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денеска па сè до вторник, 11 ноември, во земјава се очекуваат нови локални врнежи од дожд, кои на поединечни места ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи.
Според метеоролошките најави, во текот на следните денови времето ќе биде нестабилно, со повремени поројни врнежи и засилен јужен и југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 60 километри на час.
Метеоролозите предупредуваат дека во одредени региони може да се појават и краткотрајни локални непогоди, особено во западните и јужните делови на земјата.