Според информациите од УХМР, под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата не очекува период на променливо облачно и релативно топло време, со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за невреме, засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје следува период на променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни (15–25 l/m²). Ќе дува умерен, а повремено и засилен јужен ветер во делови од котлината.
Ваквото нестабилно време доаѓа откако над Балканот се појави циклонска активност, а предупредување од можни поплави веќе е издадено во Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина
