До 800 евра за килограм: Скапо сирење кое бара нежна рака и трпелив карактер

На листата на најскапи намирници во светот ќе најдете кавијар Almas Beluga од Каспиското Езеро, кој се добива од ретката албино есетра, бели тартуфи, јапонско говедско Wagyu, но и млеко од лос, кое се продава по цена од 600 до 800 евра за килограм

Причината за ваквата цена се количините, бидејќи производството е исклучително ограничено. Едно од најретките сирења во светот се добива од шведската фарма за елен Älgens Hus, на североистокот на земјата – во градот Бјурхолм, каде сопствениците произведуваат само 300 килограми годишно. Нивното сирење може да се проба на фармата или во скапи шведски хотели и ресторани.

Женскиот лос дава млеко само од мај до крајот на септември и тоа само околу пет литри дневно. Сопствениците на фармата велат дека за молзењето е потребен мирен карактер, нежен пристап и тишина – што придонесува и за високата цена на сирењето, а процесот трае меѓу половина и два часа.

Сопствениците нудат неколку видови сирење – од солено до оние со благородна мувла. Покрај карактеристичниот вкус, сирењето од лосово млеко е пофалено и за изобилството на протеини, како и за цинк, селен и железо.

Ако се прашувате каков вкус има лосовото сирење, ќе мора да ги спакувате куферите за Шведска, а оние што го пробале велат дека е слично на кравјото сирење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни