До 2050 година 70% од децата во Европа ќе имаат миопија поради прекумерна употреба на мобилни телефони

Очекувањата се дека до 2050 година дури 70% од децата во Европа ќе развијат миопија (кратковидост), предупреди детскиот офталмолог и претседател на Лекарската комора во Солун, Никос Никас.

Како главен причинител се посочува прекумерната употреба на мобилни телефони, таблети и други дигитални уреди.

На настанот организиран од Лекарската комора на Солун, на тема „Влијанието на игрите, интернетот и мобилните телефони врз децата и тинејџерите“, Никас истакна дека последиците од долготрајната употреба на екрани се манифестираат главно преку два проблема:

  • Дигитален замор на очите, со симптоми како сувост, лачење солзи, печење и главоболки
  • Брзо зголемување на миопијата, поради континуирано гледање во предмети од близина

Недостатокот на институционализирана превентивна контрола во Грција, според Никас, го влошува проблемот.

Тој нагласи дека иако постојат нови методи за справување со миопијата, сè уште не е научно докажана ефикасноста на очилата што ја филтрираат т.н. сина светлина од екраните. Како превенција, препорачува:

  • Децата да прават паузи на секои 30 минути користење на екран
  • Возрасните да применуваат правило „20-20-20“: на секои 20 минути, 20 секунди да гледаат предмет на оддалеченост од 6 метри
  • Минимална оддалеченост од 30 сантиметри помеѓу лицето и екранот
  • Редовно изложување на природна светлина

„Децата се огледало на своите родители. Ако родителот е цел ден со мобилен во рака, не може да очекува нешто поинакво од детето“, рече Никас и потсети на две апликации достапни на gov.gr кои можат да помогнат во родителски надзор.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни