Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-Мјунг, изјави во понеделник дека земјата ќе издвои „поголем буџет од очекуваното“ за одбрана до 2030 година.
Целта е да се изгради одбранбена индустрија која ќе биде четврта најсилна во светот.

Ли ја даде изјавата на најголемиот саем за оружје во Јужна Кореја досега. Според Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, Јужна Кореја во моментов е 10-ти најголем продавач на оружје во светот.
„Да стане една од четирите водечки одбранбени индустрии не е невозможен сон. Ќе воспоставиме технолошки суверенитет со фокусирање на инвестициите на развој на одбранбени технологии, делови и материјали “, рече Ли.
Јужна Кореја вети дека ќе споделува не само системи за оружје, туку и „технологија и искуство во градењето на темелите на индустријата“ со своите странски партнери, рече Ли.
Извозот на оружје стана еден од најбрзо растечките извози на Јужна Кореја, особено од почетокот на војната во Украина.