Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници. Хотелските капацитети се исполнети, а покрај домашните ќе има и туристи од соседните земји кои одлучиле празниците да ги поминат на брегот на Дојранското Езеро.
Според информациите од Општината, полни се и капацитетите за приватно сместување, односно викендичките и куќите за одмор кои ги користат граѓаните од други градови од државата.
-Има интерес за Дојран и во зима и тоа посебно не радува. Хотелските капацитети и кафаните се исполнети, има поголем број домашни, но и странски туристи, велат од Општина Дојран.
Инаку, за новогодишно-божиќните празници метереолозите за Дојран прогнозираат пријатно и релативно топло време, а голем дел од туристите го споија изминатиот викенд со претстојните празници.