Дојде време за последниот танц на Драган Б. Костиќ

На 29 ноември, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе се одржи „Последниот танц“ на легендарниот Драган Б. Костиќ, по повод 50 години од неговата култна емисија „Диско селектор“.

Драган Б. Костиќ е познат новинар и водител, со над 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон. Како диџеј, организирал преку 2.000 настани и имал големо влијание на музичкото и културно образование на повеќе од пет генерации.

„Легенда“ е термин што често се употребува во регионот, но ако некој го заслужува, тоа е токму Драган Б. Костиќ. Овој последен сценски танц е симболичен настан, закажан за Денот на поранешната голема Република, и ќе биде незаборавен момент за сите негови обожаватели.

Влезниците за овој настан се во продажба од денес, 16-ти октомври во 9 часот наутро, преку онлајн платформата ticketx.mk и во продажната мрежа на TicketX низ Македонија, по цена од 600 денари. Дополнително, ќе бидат достапни и ограничен број на ВИП влезници со високи маси по цена од 1.000 денари.

Сите љубители на музиката и културата се поканети да присуствуваат на овој значаен настан и да ја оддадат почитта на еден од најзначајните фигури на македонската културна сцена. Се гледаме на 29-ти ноември во СЦ „Јане Сандански“!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни