Дојавите за поставени експлозивни направи се лажни – прегледани 87 училишта во РС

Противдиверзиониот тим на Министерството за внатрешни работи на Република Српска изврши преглед на 87 училишта во подрачјата на Бањалука, Добој и Зворник и утврди дека дојавите за поставени експлозивни направи биле лажни.

Полициските служби на МУП завршија со прегледот на училиштата, постапувајќи по пријавите дека на меил адресите на овие установи биле испратени пораки дека во нив се поставени експлозивни направи. По прегледите, утврдено е дека овие наводи не се потврдени.

Во подрачјето на Бањалука беа проверени 54 училишта, во Добој 28, а во Зворник 5 училишта и зграда на Градската управа Зворник, која исто така ја добила истата дојава.

Полицијата информира дека биле известени надлежните обвинителства во Бањалука, Добој и Бијељина, а во истрагата за идентификување на сторителот се вклучени и припадници на единицата за високотехнолошки криминалитет при МУП на Република Српска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни