Учениците од неколку основи училишта во скопските општини Аеродром, Гази Баба и Центар утрово се евакуирани откако добиле дојава за поставени бомби.
Во општина Аеродром утрово во шест училишта имаше дојави за бомби и учениците се веднаш евакуирани. Тимови на МВР прават проверки.
Дојави за бомби утрово ја прекина наставата и во основни училишта во Кочани и Штип. Од Министерството за внатрешни работи велат дека утрово дојави за бомби имало во повеќе општини.
Екипи на МВР се на терен.
Голем број училишта во повеќе хрватски градови низ целата неделава исто така добиле пријави за поставени бомби, како што добиле и училишта во земјите на Европската унија, а медиумите неофицијално пренесуваат дека се испратени од истиот сервер наводно лоциран во Африка.
Во некои хрватски училишта прегледите се уште траат, а во оние во кои се завршени, пријавите биле лажни. Пријавите пристигнале утрово преку е-пошта и содржеле закани со исламски пораки.