„По мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување“ пишува во соопштението.
„Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави“ се додава во соопштението на МВР.
Во поголем дел од училишта во Скопје, Штип, Кочани и Куманово утрово учениците и наставниците се евакуирани поради дојава за бомби. Тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија проверки во училиштата и досега е утврдено дека најголем број од дојавите се лажни.
Дојавите за бомби се проверуваа во Oсновните училишта во Скопје, ОУ „Лазо Ангеловски“ , ОУ „Александар Македонски“, ОУ „Димо Хаџи Димов“. Дојава за бомба имало и во ОУ „Магдалена Антова“ во Куманово. Од полицијата информираат дека по пристигнатите пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Паралелно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешниработи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот, информираат од МВР
По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава.
По дојавите, беше постапено согласно протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани.Повикуваме на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар“ стои во соопштението на Општина Аеродром на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Деновиве дојави за бомби имаше и во училишта во Хрватска, а кај нас во 2023 година имаше серија лажни пријави кои дел беа расветлени.