Според закон на Европската унија од 2011 година, сите нови автомобили мора да имаат вградени предни дневни светла – најчесто LED светилки, а кај поевтини модели, улогата ја преземаат светлата за магла.
Меѓутоа, проблемот настанува затоа што кај голем број возила дневните светла се активираат само напред, додека задните остануваат исклучени. Тоа претставува сериозен ризик во услови на намалена видливост – во тунели, магла, дожд или во сумрак – кога задните светла не се активирани, возачите кои доаѓаат одзади многу потешко го забележуваат возилото.
Британскиот Кралски авто-клуб (RAC) во истражување утврдил дека дури 62 отсто од возачите забележале автомобили со вклучени само предни дневни светла во ситуации со намалена видливост.
Проблемот е уште поголем затоа што многу автомобили немаат можност за автоматско вклучување на задните светла во рамки на дневното осветлување. Според авто-магазинот HAK, ова може лесно да се надмине ако возачите проверуваат дали им се активирани и задните светла, и при потреба – рачно да ги вклучат главните светла на возилото.
Дел од поновите возила имаат автоматска функција за вклучување на светлата, па се препорачува таа да биде секогаш активирана (опцијата „AUTO“ на полугата зад воланот).
Во периодот од годината кога маглата и слабата видливост се чести, ваквите мали, но клучни навики можат да направат голема разлика во сообраќајната безбедност.
Извор: N1info.rs