Гинеколошки совети, освежување и донации: dm дел од „Женска трка“

На 5 април во Градски парк, dm и МАГО ќе организираат бесплатно гинеколошко советување, dmBio дегустација и поддршка за учесничките на „Женска трка“.

Dm на 5 април ќе биде дел од „Женска трка“ во Градски парк со катче за бесплатно гинеколошко советување, освежување и поддршка за учесничките, а во рамки на настанот ќе се реализира и донација на менструални производи за жени на кои им се најпотребни.

Во соработка со Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, МАГО, во dm катчето ќе се одржува бесплатно советување со специјалисти по гинекологија и акушерство. Посетителките ќе имаат можност да добијат стручно мислење, корисни информации и поддршка за прашања поврзани со женското здравје, а во советувањето ќе учествуваат докторите Весна Блажевска Сиљаноска и Огнен Богданоски.

Покрај советувањето, посетителите ќе можат да дегустираат dmBio безалкохолни коктели и да одморат во посебна зона за опуштање, наменета за освежување и кратка пауза во текот на настанот.

Посебен дел од катчето ќе биде наменет за учесничките на трката. Во рамки на SOS зоната, тркачките ќе можат да користат производи за дополнителна удобност и освежување, меѓу кои Mivolis магнезиум, Balea спреј за освежување на телото, Sundance производи за заштита од сонце и Jessa влошки.

Годинава, соработката меѓу dm и МАГО добива и дополнителна општествено одговорна димензија. Под пораката „Трчам напред, за таа да не чекори назад“, 150 жени од dm и МАГО се пријавени на „Женска трка“, а преку иницијативата ќе бидат донирани и 150 пакети со dm менструални производи за жени на кои им се најпотребни. Пакетите ќе бидат дистрибуирани преку МАГО.

Како дел од оваа акција, МАГО ќе организира и бесплатна едукативна работилница за менструално здравје, која ќе се одржи на 30 април во Општина Шуто Оризари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни