„Длабоко во себе“ изложба по повод Меѓународниот ден за подигнување на свесноста за лицата со аутизам

Темата на овие работилници беше морски свет, па нанесувајќи на хартија графички бои, децатацртаа риби, морски ѕвезди, октоподи, морски желки, школки, како и различен морски свет

„Длабоко во себе“ е Инклузивен креативен проект по повод Меѓународниот ден за подигање на свесноста за лицата со аутизам кој на 31 март ќе биде отворен во Галеријата Чифте Амам.

Ликовната уметност е важна за развојот на децата. Тие ги развиваат својата имагинација и способноста за креативно размислување, учат да комуницираат преку цртежи и бои и на невербален начин се искажуваат подобро и поубаво отколку што би можеле вербално за својата возраст. Тоа е особено потребно и корисно кај децата со попреченост во развојот и затоа важноста за постоење и анимирање на ваквите проекти е повеќе од потребно.

Па така, оваа година децата имаа можност да ја научат и да ја применат графичката техника монотипија. За разлика од другите графички техники, каде што може да се направат повеќе исти отпечатоци, кај монотипијата секој отпечаток е единствен.

Темата на овие работилници беше морски свет, па нанесувајќи на хартија графички бои, децатацртаа риби, морски ѕвезди, октоподи, морски желки, школки, како и различен морски свет. Со притисок, рачно или со преса, бојата ја пренесоа на хартијата. Резултатот што се добива со ваквиот начин на сликање е уникатна графика.

Во овие работилници учествуваа деца од повеќе училишта – ОУ „Невена Герогиева-Дуња“, ОУ „Св. Климент Охридски“, ОУ „Исмаил Ќемали“, ОУ „Имри Елези“, ДСУ зарехабилитација и образование „Свети Наум Охридски“, Здружението „Инклудиверса“, како и студентите од Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ под менторство на проф. д-р Бурхан Ахмети.

,,Изразуваме огромна благодарност до студентите и до професорот за нивната посветеност, за трпението и поддршката. Со нивна помош децата многу брзо ги совладаа основите на графиката и добија можност креативно да се изразат и да создадат свои уникатни дела.Навлегувајќи длабоко во морските длабочини, тие навлегоа длабоко во себе! Длабоко во својот свет, свет многу поискрен и поубав од оној што постои во реалноста” велат организаторите

!Маја Димитрова е едукатор на изложбата која ќе трае до 5 април.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни