Џон Болтон, поранешниот осветник на Трамп осомничен за чување на доверливи документи

Поранешниот советник за безбедност Џон Болтон е обвинет за незаконско чување доверливи документи. FBI го претресе негов дом

Џон Болтон, кој беше советник за национална безбедност на Доналд Трамп пред да стане негов отворен критичар, е кривично обвинет според федералните закони на САД. Американското Министерство за правда го поднело случајот до голема порота во Мериленд во четвртокот, која утврдила дека има доволно докази за покренување обвинение против Болтон.

Ова се случува откако агентите на FBI во август извршија претрес во неговиот дом и канцеларија во рамките на истрага поврзана со ракување со доверливи информации.

Со оваа обвинителна постапка, 76-годишниот Болтон станува трет политички противник на претседателот кој се соочува со обвинение во изминатата недела, по поранешниот директор на FBI Џејмс Коми и њујоршката јавна обвинителка Летиција Џејмс, пренесува BBC.

Болтон сè уште не се огласил во врска со обвинението, но претходно ги негираше сите обвинувања. Неговиот адвокат, Еби Луел, изјави дека Болтон правилно постапувал со документите.

Контроверзна книга и правни последици

Болтон беше разрешен од првата Трампова администрација во 2019 година. Неговите мемоари од 2020 година, „The Room Where It Happened“ (Собата каде што се случи), го прикажуваат претседателот како недоволно информиран за геополитички теми и како личност која ги базира своите одлуки врз основа на интересот за реизбор.

Белата куќа поднесе тужба за забрана на објавувањето на книгата, тврдејќи дека содржи доверливи информации кои не биле правилно проверени, но судот го отфрли барањето, па книгата беше објавена само неколку дена подоцна.

Потоа, Министерството за правда отвори истрага за тоа дали Болтон незаконски ракувал со доверливи информации при објавувањето на некои делови од книгата. Болтон ги негираше сите обвинувања.

.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни