Џез фактори фестивал: Христијан Ристески награден за најдобар млад џез-музичар

Наградата за најдобар млад џез-музичар во 2025 година, која го носи името на легендарниот „Гоце Димитровски“, годинава ја добива младиот и талентиран саксофонист Христијан Ристески.

Годинешното 9 то по ред издание на Џез фактори фестивалот, Националната џез платформа, ќе се одржи од 15–19 април во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство. Наградата за најдобар млад џез-музичар во 2025 година, која го носи името на легендарниот „Гоце Димитровски“, годинава ја добива младиот и талентиран саксофонист Христијан Ристески.

„ Ја користиме оваа прилика искрено да му честитаме на Христијан за ова значајно признание и да му посакаме многу успеси, инспирација и блескава иднина на џез сцената“, истакнува директорот на Џез фактори фестивалот, професорот Сашо Поповски.
Наградата традиционално се доделува во соработка со стратешкиот партнер на фестивалот, Синпекс Битола и ќе биде врачена на 17.04.2026 година, петок, во 20 часот, на сцената на Народниот театар од Битола.

Досегашни добитници на наградата „Гоце Димитровски“:
2020 – Александар Ванчовски – тапани
2021 – Филип Динев – гитара
2022 – Александар Бошков – гитара
2023 – Јован Цветковиќ – пијано
2024 – Давид Скерлевски – пијано
2025 – Теодор Јаневски – тапани
2026 – Христијан Ристески – саксофон.

Надминувајќи го класичниот фестивалски формат, Jazz Factory Festival прераснува во национално културно движење, кое ги поврзува градовите, уметниците, институциите и публиката преку современиот џез израз. Годинава фестивалот ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, со учество на уметници од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни