По кратката стабилизација на времето, од недела попладне (25 јануари) Македонија влегува под влијание на моќен циклон со центар над Џенова, кој носи обилни врнежи од дожд, засилен јужен и југоисточен ветер и локална нестабилност со грмежи. Според прогнозите, на одредени места ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен.
Во понеделник , со продор на постуден воздух од север, снежната граница повторно ќе се спушти под 1.000 метри, особено во западните и северните делови од земјата, каде дождот ќе преминува во снег и ќе се формира снежна покривка. Снег се очекува и на планините околу Скопје, додека температурите по саботното затоплување повторно ќе бидат во пад.
