DJ LAB PRO  – Бесплатна програма за менторство и презентација за диџеи во подем од Централна и Југоисточна Европа

Од јули до јануари, избраните учесници ќе поминат низ шестмесечна менторска програма, прилагодена на реалноста на денешниот музички пејзаж

Отворениот повик за DJ LAB PRO е активен — се бараат нови, амбициозни диџеи од Централна, Источна и Југоисточна Европа, подготвени да растат, да се поврзат и да го направат следниот чекор во своите креативни кариери.

Кофинансирана од Европската унија преку програмата LIVEMX, DJ LAB PRO е првата иницијатива од ваков вид во Европа: систем изграден за да ги поддржи диџеите не само преку настапи, туку и преку стратешки развој, менторство и професионална инфраструктура. Во својата суштина, проектот има за цел да ја зголеми видливоста, да го олесни пристапот и да ја надмине разликата меѓу суров талент и одржливо присуство на сцената.

„Патувањето започнува со персонализирана самоевалуација на DJ вештини (DJ Skills Matrix), која му помага на секој учесник да ги идентификува своите силни страни и области за развој — и да постави јасен правец за напредок. Програмата продолжува со еднодневен bootcamp и работилница за време на фестивалот Carbon Silesia (13–14 јуни 2025, Полска), и завршува со настап на сцената Fresh Faces — курирана платформа која ја истакнува новата генерација boundary-pushing селектори, и претставува визија за иднината на сцената“ наведуваат организаторите.

Апликациите се отворени до 30 мај на: djlabpro.pl

Од јули до јануари, избраните учесници ќе поминат низ шестмесечна менторска програма, прилагодена на реалноста на денешниот музички пејзаж. Програмата вклучува теми како што се: видливост, стратегии за букирање, музички маркетинг, дизајн на кариера, одржливост и здрав ментален пристап.

Потврдени ментори досега се:

  • Elisa Luengo (Dekmantel Festival)
  • Natalia San Juan (FemNoise)
  • Virtual Geisha (VG DJ LAB)
  • Skyote Moon (Synthesis Agency)
  • Michelle Ronquillo (MR Transformative Coaching & Mentoring)
  • Andrew Apanov (Dotted Music)

Станува збор професионалци кои активно ја обликуваат европската електронска музичка сцена.

„Ова е програмата што сакав да постои кога почнував — програма што навистина слуша, поддржува и гради иднина за новата генерација.“ порачува Virtual Geisha, креаторка на DJ LAB PRO и концептот Fresh Faces.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни