На социјалните мрежи повторно се појавија објави поврзани со случајот на Џефри Епштајн, во кои се спомнуваат и познати имиња од електронската сцена, меѓу кои диџеите Carl Cox и Steve Lawler. Според објавата, лице поврзано со Епштајн наводно присуствувало на Winter Music Conference и Ultra фестивалот во Мајами во 2015 година и фотографирало дел од настаните.
Во објавата не се изнесуваат обвиненија кон диџеите, ниту пак се тврди нивна поврзаност со незаконски активности. Нивните имиња се спомнуваат исклучиво во контекст на јавни настапи на фестивалите.
Темата повторно се актуелизира поради новите документи и дискусии на интернет околу „Epstein Files“, кои последниве години често стануваат предмет на медиумски шпекулации и дебати за одговорноста и улогата на јавни личности.