„Дијалог“ и „Движење“ во македонската амбасада во Париз

Апостолоска-Саздовска ќе се престави со проектот „Дијалог“ во кој врши истражување во сликарството паралелно со цртежот, а Саздовски со проектот „Движење“ во кој ќе ги презентира актуелните истражувања во скулптурата.

Во македонската амбасада во Париз, во петок (13 септември) во 18 часот ќе биде отворена самостојната изложба на визуелната уметница Пандора Апостолоска-Саздовска и скулпторот Сашо Саздовски.

Апостолоска-Саздовска ќе се престави со проектот „Дијалог“ во кој врши истражување во сликарството паралелно со цртежот, а Саздовски со проектот „Движење“ во кој ќе ги презентира актуелните истражувања во скулптурата.

Двајцата автори ги создадоа своите дела за време на двомесечниот престој во Париз, Франција. Изложбата ќе ја отвори нашиот амбасадор во Франција, Рефет Хајдари.

Пандора Апостолоска-Саздовска визуелен уметник, активист и истражувач. Во 2004 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Академијата за ликовни уметности во Скопје. Нејзината уметничката практика е насочена кон меѓучовечките односи истражувајќи ги аспектите на војната и насилството како политички и социолошки феномен. Во нејзината богата творечка кариера има реализирано изложби во музеи, галерии и центри за современа уметност. Во 2023 година беше визитинг професор на Универзитетот „Архипелаго“ во Сокотра, Јемен.

Сашо Саздовски е скулптор и истражувач. Во 2000 година дипломирал, а во 2002 магистрирала на ФЛУ во Скопје. Неговата уметничката практика е научно истражувачка. Во своите истажувања тој е фокусиран на прашањата за бесконечноста како одраз на нашето ограничено постоење во времето и просторот. Тој досега има изложувано во музеи и галерии за современа уметност. Тој е професор по ликовна уметност во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни