Дизелот од полноќ поскапува за 3,5 денари

РKE ги објави новите цени на горивата што стапуваат на сила од полноќ. Дизелот ќе се продава по 95,5 денари за литар, додека бензините остануваат на исто ниво.

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од вечерва на полноќ. Најголемата промена е кај дизелот, кој поскапува за 3,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 95,5 денари за литар.

Цената на бензините останува непроменета. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 86,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88,5 денари. Покрај дизелот, поскапува и екстралесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за 2,5 денари и ќе достигне 92 денари за литар. Мазутот, пак, поскапува за 0,2 денари и ќе се продава по 47,6 денари.

Новите цени доаѓаат само еден ден откако Владата донесе мерки со кои ДДВ-то за горивата се намалува од 18 на 10 проценти. И покрај тоа, дизелот и дел од другите горива сепак одат нагоре, што значи дека државната интервенција засега не го сопре целосно ценовниот притисок на пазарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни