Дизелот „експлодира“ глобално: цените скокнаа и до 81% поради кризата со Иран

Глобалните цени на дизелот нагло растат поради кризата со Иран, со зголемување до 81% во некои земји, додека енергетската нестабилност и Ормуската Теснина дополнително го влошуваат пазарот.

Војната со Иран, која започна на 28 февруари 2026 година, предизвика сериозни потреси на глобалниот пазар на нафта, што директно се одрази врз цените на дизелот ширум светот. Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, последиците се чувствуваат нерамномерно, со драматични разлики меѓу регионите.

Азија најпогодена од ценовниот бран

Најголем раст на цените е забележан во азиските земји. Филипини предничи со скок од 81,6 проценти, додека Нигерија следи со 78,3 проценти.

Во Малезија цената на дизелот пораснала за 57,9 проценти, а во Австралија за 52,1 процент.

Раст и во Европа и САД

Иако помал од азискиот, растот е значителен и во Европа и Северна Америка. Украина бележи пораст од 33,9 проценти, што е повеќе од водечките економии како Германија (30,9%) и Франција (27,8%).

Во Соединети Американски Држави цената е зголемена за 41,2 проценти, додека во Кина растот изнесува 25,4 проценти.

Стабилност во дел од светот

Додека голем дел од светот се соочува со силен ценовен притисок, некои земји остануваат релативно стабилни. Индија и Саудиска Арабија не бележат промена, додека Русија има минимален раст од 0,5 проценти.

Земјите од Персискиот Залив, како Катар и Обединети Арапски Емирати, имаат умерен раст од околу 7,9 проценти.

Клучен фактор: Ормуската Теснина

Експертите посочуваат дека цените се ажурираат на неделно ниво, но дека сегашниот тренд покажува оти енергетската стабилност и географската близина до ресурсите играат клучна улога.

Кризата дополнително се влошува поради ограничувањата на протокот на нафта низ Ормуската Теснина, една од најважните енергетски рути во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни