На почетокот на јуни, три пржевалскиеви коњи пристигнаа во Казахстан од зоолошката градина во Прага. Овие коњи се смета дека се последните од нивниот подвид на диви коњи, кои никогаш не биле припитомени. Потоа на нив им се придружија уште четири други коњи, кои пристигнаа од зоолошката градина во Берлин, со што бројот на диви коњи вратени во нивното природно живеалиште е седум – шест кобили и еден пастув.
Ним треба да им се приклучи уште еден пастув од зоолошката градина во Прага, но тој се разболел на патот кон Казахстан и ќе се приклучи на останатите коњи подоцна.
Казахстан сака да врати околу 40 пржевалскиеви коњи во дивината во следните пет години. Тие ќе живеат во дивината во државниот природен резерват „Алтин Дала“ (Златни степи) во северниот регион од државата Костанај.
Иницијативата за репопулација на дивите коњи е значаен напредок во напорите за зачувување на овие коњи од исчезнување. Во 1968 година немаше ниту еден пржевалскиев коњ во дивината, иако претходно тие доминирале низ евроазиските степи со милениуми.
Во моментов има околу 1500 од овие коњи преостанати во светот, но речиси сите живееја во зоолошки градини, како и во одредени ограничени простори во Монголија, Кина и Казахстан. Сите тие се потомци на 11 диви коњи кои биле фатени во северо-западна Кина на почетокот на 20 век и донесени во зоолошки градини во Европа, каде што прво биле изложувано, но потоа чувани и размножувани.
Името на коњито доаѓа од рускиот географер Николај Пржевалски, кој бил првиот што ги претставил на европската научна заедница откако открил необично голем череп во 1878 година на границата помеѓу Кина и Монголија. Потоа тој ги сретнал и во дивината, но не успеал да фати некој жив и да го зарботи, опишувајќи ги како „многу нервозни“ и дека имаат силно чуство за мирис, вид и слух.
Во Монголија тие се познати како „таки“, што значи диви. Во Казахстан, владата усвои декрет оваа година со кој овие коњи ќе бидат нарекувани „керкулан“ што има слично значење.
Нивното враќање во дивината во Казахстан има големо симболично значење. Токму во овој регион од светот, каде што се развивала преисториската култура Ботаи, првите коњи биле припитомени пред 5500 години. Последните истражувања покажуваат дека коњите станале главен начин за транспорт пред 4200 години, покажувајќи дека повеќе од илјада години тие биле користине за млеко и месо.
Коњите во Казахстан се значаен дел од секојдневниот живот. На пример, еден од националните пијалоци е ферментирано млеко од коњ познато како кимиз, а месото од коњи е главна состојка во националното јадење познато како бесбармак.
Ова не е прв пат Казахстан да се обиде да врати диви коњи. Во 2003 година, 10 пржевалскиеви коњи биле донесени во Алтин Емел националниот парк на југоистокот од земјата. Програмата тогаш сепак не била успешна, а нивниот број се намалил на пет, бидејќи немале пастув за да се размножуваат и да ги чува кобилите од предатори.
Извор: Глобал воисес