Дивеење на детските игралишта

„Ова се снимки на кои се гледа деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца. До нас ги испратија загрижени жители од Капиштец кои го снимиле ноќното дивеење на група млади“, меѓу другото стои во описот на видеото кое градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски го сподели на Инстаграм.

Потенцира дека ова не е е прв и изолиран случај. Реагирале во повеќе наврати.

„Досега неколкупати реагиравме на загрижувачкото однесување во ноќните часови и побаравме помош од надлежните институции“, додава Герасимовски.

Дециден е дека ваквата слика за Центар нема да се толерира, односно нема да се дозволи ваквото однесување.

Најново

Последни колумни