Disney на удар на Трамп поради разноликост и инклузивност

Француските компании кои имаат договори со американската влада оваа недела примиле писмо од американската амбасада во Франција во кое се бара да потпишат и да се придржуваат кон Трамповата извршна наредба која ги забранува DEI програмите

Агенцијата на американската влада која го надгледува телевизискиот сектор, објави дека покренува истрага за практиките на разноликост и инклузивност во компанијата Disney, што е најнови знак за притисок врз медиумските компании, пренесува BBC.

Претседателот на Федералната комисија за комуникации (FCC) Брендан Кар вчера испрати писмо до Disney, известувајќи ја компанијата, како и нејзината подружница ABC News, за оваа одлука. Кар нагласи дека овој потег е предизвикан од загриженост дека компанијата промовира разноликост на начин што не е во согласност со државните прописи. Портпаролот на Disney изјави дека компанијата ја разгледува содржината на писмото.

„Се радуваме на соработката со Комисијата и ќе одговориме на нејзините прашања“, рече портпаролот на Disney во соопштението. Истражата на FCC за Disney доаѓа во момент кога администрацијата на Доналд Трамп го проширува пресметиките со практиките на разноликост, еднаквост и инклузивност (DEI), чиј ефект се чувствува и надвор од САД.

„Сакаме да утврдиме дали активностите на Disney се усогласени со правилата“

Француските компании кои имаат договори со американската влада оваа недела примиле писмо од американската амбасада во Франција во кое се бара да потпишат и да се придржуваат кон Трамповата извршна наредба која ги забранува DEI програмите.

Во писмото упатено до Роберт Игер, извршниот директор на Disney, претседателот на FCC Брендан Кар напишал дека сака да се осигура дека медиумската компанија ќе ја прекине секоја форма на дискриминаторски иницијативи, не само со промена на името, туку и на суштината. „Сакам да утврдиме дали активностите на Disney, се во согласност со важечките правила на FCC“, додал тој.

Disney веќе воведе промени

Кар е член на FCC од 2017 година, а на чело на агенцијата беше поставен од Доналд Трамп во ноември минатата година. Од тогаш ја засили контролата врз медиумските компании, покренувајќи истраги против NPR и PBS и барајќи информации од технолошките гиганти како Apple и Google за тоа како нивните услуги влијаат на рангирањето на вестите.

FCC исто така најави истраги против компании како Verizon и Comcast, вклучувајќи ја и нивната медиумска гранка NBC Universal, поради нивните DEI иницијативи. Disney, познат по своите анимирани класични филмови и забавни паркови, веќе воведе некои промени во своите DEI политики.

„Иако видов извештаи дека Disney неодамна повлекол некои од своите DEI програми, сепак постои сериозни загрижености“, напишал Кар во писмото. „Сакам да бидам сигурен дека Disney и ABC не ги кршат правилата на FCC за еднакви можности при вработувањето, така што промовираат штетни форми на DEI дискриминација“, навел тој.

Disney веќе беше на мета на конзервативни напади

Кар додал дека сака информации за правилата кои регулираат застапеноста на разноликост во ликовите на Disney, како и други иницијативи. Оваа истрага не е првпат Disney да се најде на мета на политички напади.

Минатата година компанијата се согласи да плати 15 милиони долари како нагодба во тужбата за клевета која ја покрена Доналд Трамп, откако водителот на вести на ABC погрешно кажал дека претседателот бил прогласен одговорен за силување.

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, години се суди со Disney откако компанијата го критикуваше државниот закон познат како „Не кажувај геј“, кој го ограниува настава за сексуалност во училиштата. Disney веќе беше на мета на конзервативните критики за наводно промовирање на „woke“ пораки во своите филмови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни