Дискографијата на Азра и Штулиќ на Spotify се задржа помалку од 24 часа

Не поминаа ни 24 часа од објавувањето на сите студиски и концертни албуми на Азра и трите соло албуми на Бранимир Штулиќ на стриминг сервисите Spotify и Deezer, а сега повеќето албуми се отстранети.

Сепак, сè уште има некои песни достапни на Spotify. На споменатиот стрим сервис настанала забуна, па песните на истоимената турска пејачка останале под името на групата Азра.

Веста за објавувањето на албумите беше изненадување за многумина. Имено, Croatia Records е наведена како носител на правата на сите дела, а од порано е познато дека Бранимир Штулиќ постојано протестира што Croatia Records ги „експлоатира“ неговите дела, односно „постојано го печати винил албумот Ravno do dna“.

„Свесни сте дека и покрај пресудата на Уставниот суд на Хрватска, Croatia Records продолжува, исклучиво врз основа на физичкото поседување на одземените звучни записи, да инсистира на ексклузивна сопственост на имотот и авторските права на Бранимир Штулиќ , ускратувајќи му ги сите законски и човекови права во однос на неговото авторско дело“, велат адвокатите на Џони во писмото објавено на каналот на YouTube PETROVICPETAR.

Тие напишаа и дека музичарот е исклучително погоден од тоа што Croatia Records продолжува свесно, арогантно и намерно да ги користи неговите права без никаква основа и додаваат дека тоа му нанесува морална, имотна и психичка штета.

„Со стандардните договори наследени од Југотон, а кои престанаа да важат, Croatia Records не можеше да ги стекне правата за експлоатација на делата на Бранимир Штулиќ ниту преку Интернет, ниту преку електронска продажба (кои очигледно се доминантни форми на експлоатација на неговите дела од страна на Croatia), бидејќи склучените договори се временски ограничени, згора на тоа, од договорите што ги видовме и анализиравме досега заклучивме дека овие права престанале“, објаснуваат оттаму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни