Скопје ноќеска беше на самаиот светски врв според стапката на загаденост на воздухот. Четврти во светот и први во Европа. Индексот на загаденост во целиот град официјално е 204 и е класифициран како многу нездрав за здравјето на луѓето.
Пред нас се само градови во Пакистан, Уганда и Бангладеш.
Загадувањето на воздухот е сериозен проблем кој влијае на нашето здравје. Невидливите честички навлегуваат во клетките и органите во нашите тела – нашите бели дробови, срце, крв и мозок. Ова доведува до болести како што се астма, мозочен удар, срцеви напади, рак и деменција, како и до ниска тежина при раѓање, мртвородени деца и спонтан абортус. Загадувањето на воздухот е главен ризик фактор за предвремена смрт.
Годишно се пријавуваат 8.1 милиони предвремени смртни случаи поврзани со загадување на воздухот. Загадувањето сега убива повеќе луѓе од тутун во светски рамки.
Девет од 10 смртни случаи поврзани со загадување на надворешниот воздух се во земји со низок и среден приход. Секој ден, речиси 2,000 млади деца умираат поради загадување на воздухот – повеќе од едно секоја минута. Тоа го прави вториот најголем причинител на смртност кај млади деца, после недостиг на хранливи материи.
На глобално ниво, загадувањето на воздухот го скратува просечното животно траење за 2.2 години.
Мерките за чист воздух значително го подобруваат здравјето на локалното население во рок од неколку недели и месеци, како што е демонстрирано со намален број на хоспитализации за астма, мозочен удар и срцеви напади и помалку предвремени раѓања.
И покрај поразителните статстики, надлежните органи до сега не превземаа ништо за да се подобри квалитетот на воздухот во Скопје и во останатите градови.